Новости
Следете ги најновите случувања во фудбалскиот клуб Јени Маале Битола.
Јени Маале запиша победа над КСК Крклино
ПОБЕДА НАД КСК КРКЛИНО
Освен победата ништо позитивно не се случи. Некако сите како во грч и хаотично изгледаја по теренот. Судиската тројка беше наклонета кон екипата од Крклино и секој контакт го претвораше во прекршок. Две сто процентни шанси имаше екипата на Јени Маале со излегување очи во очи на Боби Думевски и противничкиот голман, но голманот беше поуспешен и по неколку минути игра во иста ситуација се најде капитенот Никола Пискачев и упати удар кон голот, но Александар Митревски ја допре топката пред самата гол линија незаејќи дека е во офсајд.
Вториот дел му припадна на битолската екипа резулататот го отвори Александар Митревски, потоа како резерва влегува Васко Наумовски и постигнува гол. Екипата на КСК притисна по голот на Радевски и од корнер со директен удар постигнат е погодок за намалување на водство на Јени Маале. За крај на натпреварот Васко Наумовски постигнува уште еден гол и крајниот резултат на натпреварот КСК Крклино и Јени Маале Битола завршува со еден спрема три за екипата на Јени Маале.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Радевски, одбранбени играчи Христијан Ристевски и Трајче Георгиевски , лев бек Петар Ристевски и десен бек Пеце Василевски, последен за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Боби Думевски и капитенот Никола Пискачев, лево крилен играч Андреј Лозановски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Михајло Вангелов.
Клупата ја сочинуваа одбрамбените играчи Бобан Богдановски Благојче Петревски и Драган Думевски и напаѓачот Васко Наумовски.
Тежок натревар кој заврши со реми
Официјален сајт на
Фк Јени Маале
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола
Македонија
ТЕЖОК НАТПРЕВАР КОЈ ЗАВРШИ СО РЕМИ
Неизвесниот натпревар во кој екипата на Фк Поешево ја предводат двајца поранешни репрезентативци Тони Мицевски и Горан Ставревски легенди на битолскиот фудбал се претвори во одлична фудбалска борба.
Двете екипи играа цврсто и тактички со по неколку шанси. Натпреварот го отвори домашната екипа со погодок на Александар Митревски, кој веднаш после голот поради жешкото време судијата досуди прекин и одмор од неколку минути за разладување. Тој прекин скапо ја чинеше екипата на Јени Маале кој после изведувањето на топката од центарот екипата на Фк Поешево со неколку дупли додавања и долга топка на десното крило во спорна ситуација постигнат е израмнувачки погодок.
Двете екипи се надмудруваа фудбалски и не ги искористија некој од создадените шанси и натпреварот заврши со реми без победник на домашниот стадион на Јени Маале во село Кукуречани.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски, одбранбени играчи Боби Думевски и Марјан Златевски , десен бек Петар Ристевски и лев бек Филип Жиров, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев, позади напаѓачите Андреј Лозановски, лево крилен играч Миле Ташковски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбрамбените играчи Драган Думевски и Трајче Георгиевски, напаѓачи Михајло Вангелов и Никола Поповски.