Јени Маале поразен во градскиот дуел против екипата на ОФК Битола
Во едно инзворедно и прекрасно за око прво полувреме, со многу акции, надигрувања и шанси за гол, „Којотите“ силно атакуваа кон голот на младата екипа, имаа четири шанси за гол и многу удари кон противничкиот голман, кој на жалост за домашната екипа не завршија зад гол линијата.
Второто полувреме со две измени, капитенот на Јени Маале ја освежи екипата, во игра влегоа двете брзи крила Хајдин Мустафаи и Александар Митревски. Потоа со „долга топка“ кон десното крило, со продор и центарирана топка по земја, екипата на ОФК Битола успеа да преземе водството со нула спрема еден. Нешто слична ситуација беше и вториот гол за противничката екипа, кој во еден „карамбол“ и покрај добрата одбрана од голманот Александар Димовски, младата екипа на тренерот Сашо Илиевски постигнува погодок. „Којотите“ со сите сили тргнуваат кон противничкиот гол, но безуспешно не ги искористуваат шансите и за возврат примаат уште еден гол трет во низата. Во 80 минута од пенал, Александар Митревски го ублажува поразот за крајни еден спрема три за ОФК Битола.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Благојче Петревски и Христијан Ристевски, десен бек Антонио Бошевски и лев бек Петар Ристевски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и Марјан Златевски. Зад напаѓачите капитенот Никола Пискачев и во нападот Васко Наумовски и Андреј Лозановски.
Клупата ја сочинуваа голманот Александар Радевски, одбранбениот играч Филип Жиров и напаѓачите Хајдин Мустафаи и Александар Митревски.