Битола цела сино бела
На празничниот понеделник, во битолското дерби помеѓу ривалите Јени Маале и Олд Бојс, велигденската победа му припадна на храбрите „Којотите“ и Битола се обележа цела сино бела. На лизгавиот терен домашната екипа Јени Маале покажа храброст, пожртвуваност и „гинење“ за секоја топка. Исто така оваа значајна победа му ја посветуваат на нивниот соиграч од нападот, д-р Михајло Вангелов, гинеколог.
Во првото полувреме по многу шанси од прекини и од игра за „гинималци“, стрелец на првиот гол беше Александар Митревски во 38. минута. Набргу потоа за возрат на гостите, по еден непревидлив кикс на домашната одбрана, резултатот на полувреме се изедначи со еден спрема еден.
Второто полувреме Јени Маале влезе во нивни препознатлив стил со цврста, борбена и сигурна игра и во 59. минута од пенал стрела Боби Думевски. Иако со исклучен играч со два жолти картони поради неспортски потези, екипата на Олд Бојс тргна силно кон ривалот Јени Маале, но неуспешно. Сите играчи на Јени Маале гризеа во теренот и одиграа страшна одбрана. Крај на натпреварот стави везниот играч Владимир Крстевски по една контра во 88. минута.
– „Победата ја посветуваме на сите наши фанови поддржувачи и спонзори, да се победе во градско дерби е неверојатно чувство. Дишиме и чекориме сите како еден патем за тоа сме и Којоти“, рече по натпреварот десниот бек Пеце Василевски, од Јени Маале.
– „Горд што го делам дресот и другарството весел и тажен сите како еден. Во време на невреме, многу малку има искрени другарства, борбата на наш член е борба за сите нас. Тоа не прави посебни. Играч на натпреварот е духот и екипата на Јени Маале, играчи поддржувачи спонзори ние сме: Повеќе од клуб!!! Форза Јени Маале !!!“ , додаде капитенот Никола Пискачев.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Антонио Бошевски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и во нападот Васко Наумовски и Александар Митревски.
Клупата ја сочинуваа голманот Александар Радевски, одбранбени играчи Благојче Петревски, Петар Ристевски, Филип Жиров и напаѓачите Миле Ташковски, Хајдин Мустафаи и Михајло Вангелов.