Тежок натревар кој заврши со реми

ТЕЖОК НАТПРЕВАР КОЈ ЗАВРШИ СО РЕМИ

Неизвесниот натпревар во кој екипата на Фк Поешево ја предводат двајца поранешни репрезентативци Тони Мицевски и Горан Ставревски легенди на битолскиот фудбал се претвори во одлична фудбалска борба.

Двете екипи играа цврсто и тактички со по неколку шанси. Натпреварот го отвори домашната екипа со погодок на Александар Митревски, кој веднаш после голот поради жешкото време судијата досуди прекин и одмор од неколку минути за разладување. Тој прекин скапо ја чинеше екипата на Јени Маале кој после изведувањето на топката од центарот екипата на Фк Поешево со неколку дупли додавања и долга топка на десното крило во спорна ситуација постигнат е израмнувачки погодок.

Двете екипи се надмудруваа фудбалски и не ги искористија некој од создадените шанси и натпреварот заврши со реми без победник на домашниот стадион на Јени Маале во село Кукуречани.

За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски, одбранбени играчи Боби Думевски и Марјан Златевски , десен бек Петар Ристевски и лев бек Филип Жиров, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев, позади напаѓачите Андреј Лозановски, лево крилен играч Миле Ташковски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.

Клупата ја сочинуваа  одбрамбените играчи  Драган Думевски и  Трајче Георгиевски, напаѓачи Михајло Вангелов и Никола Поповски.

ЗАСЛЕДЕТЕ НЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ