fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Заврши есенскиот дел во Општинската “А“ фудбалска лига, Јени Маале со убедлива победа за 7. место (фотогалерија)

Екипата на Јени Маале од Битола го заврши есенскиот дел со последниот натпревар против Новаци 2011 каде што забележа победа со два спрема четири. Стрелци на головите беа Владимир Крстевски и Александар Митревски, два голови постигна Васко Наумовски.

,,Ако направиме ретроспектива на оваа полусезона ќе заклучиме дека оваа екипа може многу повеќе, моментално е на 7 место, но исто така тоа остава простор за голем напредок во пролетниот дел. 14. година во серија, оваа екипа поминува низ општинската лига каде достојно се претставува. Тимот е создаден за искрена дружба и другарство, приказна која продолжува и понатаму ” велат од фудбалскиот клуб Јени Маале.

За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Марјан Златевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Петар Ристевски. Во средината последен за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Боби Думевски и Никола Пискачев. Лево крилен играч Хајдин Мустафаи, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот  Васко Наумовски.

Клупата ја сочинуваа одбрабените играчи Благојче Петревски и Филип Жиров, напаѓачите Андреј Лозановски и Михајло Вангелов.