ЈЕНИ МААЛЕ ТЕЛЕВИЗИЈА
Сите дресови на Фк Јени Маале
ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
Фудбалерите, управата и поддржувачите на фудбалскиот клуб Јени Маале од истпимената населба во Битола деновиве ги отвори своите клупски канцеларии, лоцирани на ул. “Блаже Рогозинарот“, во непосредна близина на Сали мостот во Битола. Идејата за отворањето на оваа клубска канцеларија првенствено беше на капитенот Никола Пискачев, но истата наиде на одобрување и на останатите членови на клубот, а тој заедно со највозрасниот фудбалер Васко Наумовски симболични ја пресекоа црвената лента, а потоа сите заедно наздравија со шампањ. Она што мора да биде забележано е податокот дека канцеларијата ја уредија членови на Јени Маале кои изминативе два месеца напорно работеа во…
И оваа година на традиционалната забава ФК Јени Маале од Битола ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
ФК Јени Маале од Битола со традиционално со забава за играчите, стручниот штаб и спонзорите и помагатели на клубот ја заокружи натпреварувачката сезона 2022/2023 година во општинската “А“ лига во фудбал. Оваа забава, како и многуте пред тоа се одржа во ресторанот “Вила Виста“ во Битола. И овој пат, како е секоја година на крајот на натпреварувачката сезона, избрани најдобрите играчи во различни категории кои добија скромни подароци од клубот и признание за нивниот допринос за изминатата сезона. Оваа година во списокот на наградени играчи по категории се најдоја: Александар Димовски – најдобар голман, Марјан Златевски – најдобар одбранбен играч,…
Официјално завесата на сезоната 2022/23 е спуштена
Почитувани наши фанови, Официјално завесата на сезоната 2022/23 е спуштена Им честитаме на ФК Лисолај за првото место во лигата, но исто така им честитаме и на сите останати екипи за остварениот резултат во оваа сезона и им посакуваме пред се добро здравје и боже здравје во наредната сезона повеќе успеси. Повеќе од клуб ФК Јени Маале www.fkjenimaale.mk
Генималската Фантази Премиер Лига
#FanstasyPremierLeague #Genimalslata #ForzaJeniMaale Финален Пресек Почитувани наши фанови, официјално @Premier League заврши и со тоа заврши и нашата Fantasy Premier League. Ни останува само да ги соопштиме овогодинешните најдобро пет пласирани менаџери и да го прогласиме и официјално победникот на лигата. Damjan Nikolovski со екипата на red devil е официјалниот победник и воедно добитник на официјален дрес од екипата на ФК Јени Маале. Ви благодариме на сите што учествувавте во оваа игра, се надеваме дека ви беше интересно и забавно и ве покануваме до следната сезона да бидете дел од нашата #GENIMALSKA лига!!! Ние сме повеќе од тим!!! www.fkjenimaale.mk
Во новиот број на „РЕВАНШ“ ќе читате…
И што сега? Дресови како дресови. Се е со рок на траење, а други немаме и пак "Којотите" во акција за нов комплет на дресови. Се обративме на повеќе места и во пресрет ни излезе фирмата "Хемометал" газда наш пријател без проблем направи нова гарнитура на дресови. Важно е да се напомене дека тука се удрени темелите на сино-белата боја која ја носиме и до ден денес. Многумина се прашуваат зошто сино бели? Многу едноставно белата ја симболизира слободата е сината реките езера мориња... а ние во Битола ја имаме реката "Драгор" а нашето маало "Јени Маале" историско гледано е…
Којотите во Белград
Екипата на ФК Јени Маале пролетниот припремен период го започна со патување во Белград и одигра меѓународен натпревар со екипата на ФК Церовац. – Како маалски градски клуб секоја година се качуваме едно ниво погоре, многу екипи низ Македонија ни даваат поддршка за ова што го правиме и секој ден добиваме понуди за пријателски натпревари. Со секој одигран натпревар ги освојуваме симпатиите на битолчани како клуб и многу млади момчиња ни се придружуваат и сакат да бидат дел од ова наше скромно семејство. Ние како ФК Јени Маале со гордост ја претставуваме нашата Битола низ Македонија, и надвор од нејзините…
ФК Церовац -:- ФК Јени Маале
Почитувани, на 25.02.2023, екипата на ФК Јени Маале во термините за подготвителни натпревари пред почетокот на пролетниот дел од 4 МФЛ (ОФС Битола) ќе отпатува за Србија, со цел да одигра подготвителен пријателски натпревар со екипата на ФК Церовац. Ова е прв пат во историјата на Македонскиот фудбал, екипа од најнискиот ранг да одигра интернационален натпревар во друга држава и со екипа од друга држава. По одигрувањето во претходните сезони со пријателски натпревари со екипи како ФК Пелистер и ФК Работнички (М), ние како клуб одиме и многу чекори понапред. Исто така со одигрувањето на овај пријателски натпревар ќе означиме…
Којоти во Белград
Почитувани наши пријатели и фанови. Историјата ги памети делата, не зборовите. Клуб кој е формиран со голема љубов и посветеност, клуб кој се градеше, се гради и ќе се гради на темелите на искрено другарство и почит. Потрошеното време е она што ќе остане како историја. Седнати некаде по 20 години во некоја кафеана и еволоурање на спомени како маалски клуб штеавме по селските терени со насмејани фаци, непреспиени ноќи и многу убави спомени. Со организирани Гала вечери кои позавидуваат и сакаат да копираат многу, но се е
Светското со Благојче Петревски – Дугало
Ексклузивно интервју со: Благојче Петревки - Дугало Само во нашиот „СПОРТСКИ Весник“ Зборуваме за Светското со една од нашите легенди... - Омилена репрезентација на ова СП? Како на ова, така и на сите претходни СП од кога пратам фудбал, Англија и само Англија. - Типувај кој ќе освои злато? It’s coming home. Сакам да биде Англија таа што ќе го освои СП и после 1966 година да дојдат до позиција да ја „оправдаат“ улогата на колевка на фудбалот. Дали тоа ќе се случи или не, не знам. Добро почнаа иако натпреварот со Иран не треба да се земе како објективно…
“Којоти на полна месечина“
“Којоти на полна месечина“ документарец за ФК Јени Маале
Турнир во Поешево
Поешево 4:0 Јени Маале Јени Маале 5:2 Новаци Благодарност до Поешево за поканата, освоивме 2 место. Некако и дојде како тренинг за дербито кое следи. Мислите и формата ја темпираме за недела. Четата наречена Јени Маале!!!
Назад низ историјата
25.08.2009 Вторник, жежок ден но за нас од Јени Маале среќен и радосен, успешно регистрирани во централен регистар. Конечно Јени Маале го доби својот фудбалски клуб со истото име Јени Маале. Овај клуб е еден вид продолжеток на ФК Јастреб кој е формиран далечната во 1933, после него уште неколку обиди за формирање на фудбалски клуб од оваа маало за по подолга пауза да се формираме и ние.