Јени Маале ја продолжува победничката серија
Јени Маале на натпреварот против екипата на Фк Победа Ивањевци издовои победа од два спрема три и со тоа го зацврсти местото за следната сезона во Супер А Лига Битола.
Динамичниот натпревар уште во првото полувреме се одвиваше по бочните страни од теренот. После неколку шанси за обете страни, прв до погодок стигна домашната екипа по незгодна „долга топка“ кон нивниот напаѓач. Но „Којотите“ во 43 минута возвратија по незгоден „долг аут“ на капитенот Никола Пискачев, асистенција со глава на корпулентниот напаѓач Михајло Вангелов кон втора статива и погодок на играчот за врска Боби Думевски и натпреварот во првото полувреме заврши еден спрема еден.
Второто полувреме во почетниот дел припадна на тимот од Битола. Вториот погодок повторно го постигна на играчот за врска Боби Думевски во 61 минута, а третиот погодок за „гинималци“ напаѓачот Мустафаи Хајдин во 70 минута. Домашната екипа го засили напаѓачкото темпо по примениот трет гол и со сите можни орудија тргна кон одбраната на Јени Маале. По многу одбиени напади, во една несакана ситуација е постигнат автогол во мрежата на голманот Александар Радевски. Резултатот иако два спрема три, Јени Маале успешно го сочува своето водство до крајот на натпреварот и си го обезбеди местото за следната сезона во Супер А Лигата.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Радевски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Петар Ристевски и лев бек Антонио Бошевски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и во нападот Васко Наумовски и Михајло Вангелов.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Благојче Петревски, Пеце Василевски, Филип Жиров и напаѓачите Миле Ташковски и Хајдин Мустафаи.