fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Јени Маале ја врзува трета победа во низа

Фудбалскиот натпревар кој што се одигра на стадионот во с.Кукуречани помеѓу екипите на фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола и фудбалскиот клуб Фк Пелагонија Бел Камен од с.Долно Српци заврши со победа од 1 : 0 за битолската екипа.

Во првото полувреме доминацијата на свој терен ја покажа стабилната екипа на Јени Маале. Теренот и временските услови беа идеални за фудбалско надигрување и тоа се случи, “гинималци“ ја наметнаа својата “пас“ игра. При секоја нова акција што ја градеа “Којотите“, топката се движеше од самата голманската линија до секој одбранбен играч, потоа контролата ја преземаа играчите од средината и тие во комбинација со напаѓачите ги создаваа шансите за гол. Во една таква комбинација напаѓачот Михајло Вангелов излезе “очи во очи“ со противничкиот голман и несебично ја додаде топката до лево крилниот играч Хајдин Мустафаи, кој за жал не успеа да ја смести топката во противничката мрежа. Но сето тоа даде дополнителен “кураж“ на битолската екипа и за уште поцрства, посигурна и поорганизирана игра. Резулататот од таа пожртвувана игра стигна до водство во 34 минута по “долга топка“ на десно крилниот играч Александар Митревски кон својот партнер од спортивната страна Хајдин Мустафаи, кој што со брз спринт излезе “очи во очи“ со противничкиот голман и топката успешно ја смести во мрежата на Пелагонија Бел Камен.

Во второто полувреме Јени Маале пријде мудро и тактички. Проба да ја наметни својата доминанта игра, но не му успеа баш најдобро како во првото полувреме и под гостински притисок ја препушти играта во нивни нозе и тактички се повлече кон својот гол. Чекајќи ја својата шанса за уште еден гол “Којотите“ одиграа неколку контра напади кој за жал не беа успешни. Наспроти тоа гостите со сите свои сили атакуваа кон голот на Димовски, но изворедната одбрана на чело со стоперот Христијан Ристевски не дозволи поголема закана кон својот гол. Но тука гостите не застануваат да пробуваат и своите шанси ги бараат преку средината на теренот, но тука е главен последниот играч од средината на “Којотите“ Боби Думевски кој е непробивен столб на средината. Јени Маале ни еднаш не попушти под притисокот и своите три бода ги одбрани заслужено со многу пожртвувана и цврста игра.

На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Филип Жиров и Христијан Ристевски, десен бек Христијан Стојановски и лев бек Стефан Стојчевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Хајдин Мустафаи, десно крилен играч Александар Митревски и напаѓач Михајло Вангелов.

Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Пеце Василевски, Петар Ристевски, Оливер Лавуровски, Дарко Ристевски и напаѓачот Андреј Лозановски.