fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Јени Маале поразен од младиот тим на ОФК Битола

,,Најмал проблем е резултатот, денес некако не личевме на самите себе. Лоши во покривање, лоша пас игра, многу слабо трчање едноставно како да сме екипа која прв пат влегува на терен. Сме имале многу порази ако учиме од грешките тогаш сме научиле и нешто од поразот. Секој натпревар е своја приказна ова што е можно побрзо да ја заборавиме. Сега почнува  коктелот да клокоти е тука сме најаки одиме до крај и без пардон за ниеден противник. Кога ако не сега!!!”- беше изјавата на капитенот а воедно и тренер на екипата на Фк Јени Маале.

Слаба игра, многу киксови на Јени Маале резултираше за победа на ОФК Битола со резултат два спрема нула. Играта во првото полувреме му припадна на младиот тим на ОФК кој со долги топки и неколку продори од десната страна успеаа да постигнат погодок во мрежата на Димовски.

На почетокот на вториот дел од натпреварот имаше пенал врз Думевски, но судијата даде предност  и Јени Маале се закани со голема шанса на Лозановски кој несреќно заврши покрај голот. Со истата игра од првото полувреме на екипата на ОФК по центрирана топка од десната страна постигнат е погодок со глава на ,,наjистурениот” во нападот на ОФК. Екипата на Јени Маале се закани и со удар од далчина на Крстевски но голманот во последна секунда ја одбрани.

За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Марјан Златевски , лев бек Петар Ристевски и десен бек Пеце Василевски. Во средината, играчи за врска Боби Думевски и Владимир Крстевски, зад напаѓачите Андреј Лозановски. Лево крилен играч капитенот Никола Пискачев,  десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.

Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Бобан Богдановски , Филип Жиров, Благојче Петревски и Трајче Георгиевски и во нападот Миле Ташковски Михајло Вангелов.