Јени Маале поразен на гостински терен од шампионот во Супер Лига А - Битола
Натпреварот помеѓу екипите на фудбалскиот клуб Лисолај од с.Лисолај и фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола заврши со 2 : 1 за овогодинешниот шампион во лигата.
Натпреварот започна со одлична игра на двете екипи. Домашната екипа со додавање на средината од теренот и неколку центрирани топки кон напаѓачите успеа да се закани по голот на Јени Маале. Но вистинската шанса за прво водство на натпреварот ја имаше средишниот играч на Јени Маале, Владимир Крстевски. По продор од десната страна на напаѓачот Васко Наумовски, кој му подари топка во шеснаесетникот, но за жал играчот за врска не ја искористи. За тоа казната пристигнува по центрирана топка од левата страна и удар во голот на напаѓачот на Лисолај. Потоа две одлични ситуации за погодок до крајот на првото полувреме не искористуваат ,,Којотите,,.
Вториот дел од натпреварот се одвиваше мошне интересно за гледачите. Главна улога имаше главниот судија, кој во деликатна ситуација досуди пенал за домашната екипа и Лисолај победува со 2:0. ,,Којотите“ тргнуваат со сите сили кон противничкиот гол и по низа шанси постигнуваат гол за 2 : 1. До крајот на натпреварот, Јени Маале атакуваше со сите играчи кон домашниот голман, но не успеа да постигни реми.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Филип Жиров. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и напаѓачи Хајдин Мустафаи и Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбениот играч Петар Ристевски. Напаѓачите Миле Ташковски, Александар Митревски и Михајло Вангелов.