Јени Маале го прекршува “малерот“ со убедлива победа од 1 : 7 против фудбалскиот клуб Чагор од с.Лопатица
Натпреварот кој се одигра на стадионот во Демир Хисар, помеѓу фудбалскиот клуб Чагор од с.Лопатица и фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола, заврши со резултат 1 : 7.
Уште во 3-та минута Јени Мааале поведе со прекрасниот гол од слободен удар на средниот играч за врска Боби Думевски. Потоа “урието“ на “Којотите“ беше преголемо за домаќините и во 8-та минута постигнува гол левото крило Хајдин Мустафаи за водство од 0 : 2. Домаќините немоќни почнаа да лежат по зелениот тревник и поради повреди двајца го напуштија теренот. Потоа Васко Наумовски во 18 минута го започна својот хет-трик, излегувајќи еден на еден со голманот. Вториот гол го постигнува набргу потоа во 27 минута и во 47 минута го завршува својот хет-трик. На полувреме “Којотите“ се освежија со сите 5 измени, за да во 60-тата минута ново влезениот во игра напаѓачот Михајло Вангелов постигнува гол за големо водство од 0 : 6. Домаќините успеваат да постигнат утешувачки гол и за крај на натпреварот во 85 минута лево крилниот играч на битолскиот клуб постигнува прекрасен гол по нафрлена топка. Натпреварот од 5-тото коло заврши со дебакал на домаќинот и голема победа за Јени Маале од 1 : 7.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Стефан Стојчевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Хајдин Мустафаи, десно крилен играч Александар Митревски и напаѓач Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Оливер Лавуровски, Филип Жиров, Петар Ристевски и напаѓачите Андреј Лозановски, Миле Ташковски, Кристијан Симиќ и Михајло Вангелов.