Фк Јени Маале го започна пролетниот дел од сезоната со пораз од екипата на Поешево
Натпреварот помеѓу домашната екипа на Поешево, која се состои од искусни играчи и гостинската екипа на Јени Маале, која ја сочинуваат талентирани млади играчи, заврши со резултат 2 спрема 0 за домашната екипа.Навидум тврд натпревар но со шанси за погодок кај двете екипи.
Првото полувреме на натпреварот го одбележа црвениот картон за поешевската екипа. При прекин и направен прекршок врз крилниот напаѓач на Поешево, доаѓа до вербален конфликт на крилниот играчот и главниот судија на наптпреварот. Судијата покажува два жолти картони и вториот дел од првото полувреме екипата на Поешево останува на теренот со играч помалку. Разликата на теренот се воочи по некоја минута игра кога Васко Наумовски излезе очи во очи со голманот и под прекршок од дефанзивниот играч падна во шеснаесетникот, но судијата не свирна пенал за екипата на Јени Маале. Потоа имаше уште една шанса за гол, но искусниот голман на Поешево ја процени ситуацијата.
Вториот дел од натпреварот целосно му припадна на екипата од Битола, кој топката ја имаа во свој посед и не искористија одлични шанси за гол. За нивна казна, при опасен, одличен и силен слободен удар од левата страна на шеснаесетникот постигнат е гол за водство на домашната екипа. Тогаш „Којотите“ тргнуваат силно на провничкиот гол и при една контра искусниот и славен Тони Мицевски го постигнува вториот гол за домашната и го запечатува крајниот резултат на натпреварот.
– Моменти на криза секогаш има но единството е нешто што не може да се скрши. Главата горе и чекор по чекор до целта. – изјави капитенот Никола Пискачев.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Благојче Петревски и Марјан Златевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Антонио Бошевски. Во средината последен за врска Владимир Крстевски, играчи за врска капитенот Никола Пискачев и Петар Ристевски. Лево крилен играч Хајдин Мустафаи, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбениот играч Филип Жиров и напаѓачите Михајло Вангелов и Миле Tашковски.