Фк Јени Маале Битола поразен во градското дерби
Битолското дерби кој што се одигра на стадионот во с.Кукуречани помеѓу екипите на фудбалскиот клуб Јени Маале Битола и фудбалскиот клуб Олд Бојс Битола заврши со победа од 0 : 1 за гостинската екипа.
Уште во првото полувреме по одлични акции и добри додавање од средината кон нападот, упатија удари напаѓачите Васко Наумовски и Александар Митревски кон противничкиот гол. Исто така играчот што игра зад напаѓачите Кристијан Симиќ се закани со два одлични удари кон противничкиот гол, но залудно среќата не сакаше да биде на страна на далеку поборбената и подобрата екипа Јени Маале.
Почетокот на вториот дел од натпреварот за Јени Маале беше кобен. Кога при прекршок од одбранбениот играч Христијан Ристевски врз противничкиот играч на 20 метри од голот на Димовски беше досуден слободен удар. Слободниот удар донесе водство на противниците од 0 : 1. Потоа “Којотите“ во офанзива беа до крајот на самиот натпревар. Нападите се извршуваа воглавно по десната страна со многу центарирани топки и удари на напаѓачите кон противничкиот голман. Најдобрата шанса за “гинималци“ ја имаше Васко Наумовски кој излезе очи во очи со голманот на гостите, но за несреќа го погоди во десната нога. Па така дерби натпреварот од 3-тото коло во Супер А Лига Битола заврши со резулатат 0 : 1 за гостинската екипа.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Стефан Стојчевски и лев бек Бобан Богдановски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Кристијан Симиќ и напаѓачи Васко Наумовски и Александар Митревски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Оливер Лавуровски, Петар Ристевски, Филип Жиров и напаѓачите Хајдин Мустафаи, Андреј Лозановски и Михајло Вангелов.