ФК Церовац -:- ФК Јени Маале
Почитувани, на 25.02.2023, екипата на ФК Јени Маале во термините за подготвителни натпревари пред почетокот на пролетниот дел од 4 МФЛ (ОФС Битола) ќе отпатува за Србија, со цел да одигра подготвителен пријателски натпревар со екипата на ФК Церовац. Ова е прв пат во историјата на Македонскиот фудбал, екипа од најнискиот ранг да одигра интернационален натпревар во друга држава и со екипа од друга држава. По одигрувањето во претходните сезони со пријателски натпревари со екипи како ФК Пелистер и ФК Работнички (М), ние како клуб одиме и многу чекори понапред.
Исто така со одигрувањето на овај пријателски натпревар ќе означиме и почеток на едно ново спортско пријателство со екипата на ФК Церовац од Република Србија.
Ние сме многу повеќе од клуб!!!
#forzajenimaale