Уште еден несреќен пораз во низата за ,,гинималци,,
Фудбалскиот натпревар кој што се одигра на стадионот во с.Кукуречани помеѓу екипите на фудбалскиот клуб Јени Маале Битола и фудбалскиот клуб Црна Река од с.Чарлија заврши со победа од 1 : 2 за гостинската екипа.
Во првото полувреме на натпреварот топката ја “нагази“ Јени Маале со голем број на додавања помеѓу централните везни играчи и нападот. Закани по противничкиот гол се упатуваа од двете крилни страни, но без успешна реализација. Голем број на удари упатија напаѓачите, но и играчите за врска од кој најблиску до погодок беше ударот од далечина кој со последните сили противничкиот голман успеа да го смени правецот и топката го погоди горниот дирек. Покрај многуте удари на “Којотите“ натпреварот во првото полувреме остана 0 : 0.
Почетокот на вториот дел од натпреварот за Јени Маале беше кобен. По промената на почетната формација, со освежување од три нови играчи, “гинималци“ примаат изенандувачки погодок. Иако Јени Маале прави напори со многу удари кон противничкиот гол, нафрлени топки во шеснаестникот, слободни удари сепак примаат “еврогол“ во својата мрежа од прекршок на десната страна од шеснаестникот. Резулататот остана 0 : 2 до 90 минута, кога Кристијан Симиќ со глава го постигна голот за намалување на водството. Иако многуте удари кон противничкиот гол, натпреварот заврши со 1 : 2 за Црна река од село Чарлија.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Бобан Богдановски и Христијан Ристевски, десен бек Петар Ристевски и лев бек Стефан Стојчевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и Кристијан Симиќ. Десно крило Александар Митревски, лево крило Хајдин Мустафаи и напаѓач капитенот Андреј Лозановски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Пеце Василевски и Филип Жиров. Средни играчи Никола Пискачев, Христијан Стојановски и напаѓачите Миле Ташковски, Васко Наумовски и Михајло Вангелов.