Тешка, но феноменална победа на “Којотите“
Фудбалскиот натпревар кој што се одигра на стадионот во с.Долно Оризари помеѓу екипите на фудбалскиот клуб ДОСК од с.Долно Оризари и фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола заврши со победа од 3 : 4 за битолската екипа.
Во еден феноменален натрпевар за “очи”, со многу жар и борба на двете страни со право епитетот победник го носи Јени Маале. “Којотите“ во натпреварот влегоја многу дисциплирано и тактички точно, без ниедна грешка. Бранејќи се своите шанси ги чекаја на контра и тоа се случи во 13-та минута, по одеземена топка на средината на теренот со клизачки старт на Крстевски, стигнува до нозете на Митревски и тој со “долга топка“ го пронаоѓа Хајдин Мустафаи кој излегува “очи во очи“ со голманот и погодува за водство од 0 : 1. Максимално дисциплинираната екипа на Јени Маале стигнува до уште еден погодок и водство од 0 : 2 во 33 минута повторно преку левото крило Хајдин Мустафаи во уште една акција, налик на предохдната. “Којотите“ не застануваа со контра напади и удари кој завршуваа во рацете на голманот, но во 44 минута за прекрасен завршеток на првото полувреме Андреј Лозановски со прекрасен “волеј“ удар од 25 метри стрела за големо водство од 0 : 3 на битолската екипа.
Второто полувреме беше уште подраматично кога домашната екипа тргна во поход кон голот на “гинималци“ и постигнува брз гол уште во 47 минута за 1 : 3. По само неколку минути игра ДОСК повторно постигнува гол 2 : 3 за намалување на водството. Јени Маале некако крена глава и преку Хајдин Мустафаи повторно излегува “очи во очи“ со противничкиот голман но овој пат не постигнува гол за хет-трик. Казната на спротивната страна стига и за севкупно 15 минути игра во вториот дел од натпреварот постигна вчудоневидувачки севкупно 3 гола и резулататот во 60 минута беше израменет на 3 : 3. Но среќата ги посака храбрите, “Којотите“ покрај неколку одлични шанси го враќаат своето водство. Кој ако не Хајдин Мустафаи како што го негуваат “гинималци“ да го нарекуваат “брзата птица итрица“, го поставува својот заслужен хет-трик. По примениот гол домаќините тргнуваат со секоја сила кон голот на Димовски, но после серија негови одбрани и цврста одбрана на сите играчи на Јени Маале, резулататот од 3 : 4 и трите бода припаднаа заслужено на битолската екипа Јени Маале.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Филип Жиров и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Стефан Стојчевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Хајдин Мустафаи, десно крилен играч Александар Митревски и напаѓач Андреј Лозановски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Петар Ристевски, Оливер Лавуровски, Дарко Ристевски и напаѓачот Михајло Вангелов.