Тежок натпревар кој заврши со реми
Неизвесниот натпревар во кој екипата на Фк Поешево ја предводат двајца поранешни репрезентативци Тони Мицевски и Горан Ставревски легенди на битолскиот фудбал се претвори во одлична фудбалска борба.
Двете екипи играа цврсто и тактички со по неколку шанси. Натпреварот го отвори домашната екипа со погодок на Александар Митревски, кој веднаш после голот поради жешкото време судијата досуди прекин и одмор од неколку минути за разладување. Тој прекин скапо ја чинеше екипата на Јени Маале кој после изведувањето на топката од центарот екипата на Фк Поешево со неколку дупли додавања и долга топка на десното крило во спорна ситуација постигнат е израмнувачки погодок.
Двете екипи се надмудруваа фудбалски и не ги искористија некој од создадените шанси и натпреварот заврши со реми без победник на домашниот стадион на Јени Маале во село Кукуречани.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Боби Думевски и Марјан Златевски , десен бек Петар Ристевски и лев бек Филип Жиров. Во средината играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев, зад напаѓачите Андреј Лозановски. Лево крилен играч Миле Ташковски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Драган Думевски и Трајче Георгиевски, напаѓачи Михајло Вангелов и Никола Поповски.