Зборуваме за Светското со Благојче Петревски - Дугало
Ексклузивно интервју со: Благојче Петревски – Дугало
Само во нашиот „СПОРТСКИ Весник“
Зборуваме за Светското со една од нашите легенди…
Зборуваме за Светското со легендата на ФК Јени Маале
Благојче Петревски – Дугало
– Омилена репрезентација на ова СП?
Како на ова, така и на сите претходни СП од кога пратам фудбал, Англија и само Англија.
– Типувај кој ќе освои злато?
It’s coming home. Сакам да биде Англија таа што ќе го освои СП и после 1966 година да дојдат до позиција да ја „оправдаат“ улогата на колевка на фудбалот. Дали тоа ќе се случи или не, не знам. Добро почнаа иако натпреварот со Иран не треба да се земе како објективно мерило на силата на оваа англиска репрезентација.
– Мислам дека ова СП ќе биде условно речено првенство на земјите од Европа. Иако поголем дел од аналитичарите сметаат дека првакот треба да се бара во Јужна Америка т.е. помеѓу Аргентина (која веќе загуби од Саудиска Арабија) и Бразил, сепак сум на мислење дека среброто ќе оди во друга европска репрезентација, односно Холандија.
– Освојувач на бронза мислам дека ќе биде репрезентацијата на Данска.
– Од кој играч очекуваш најмногу да постигни на ова СП?
Никогаш не сум го сакал тој пристап во една колективна игра како што е фудбалот да треба да се издвои еден поединец. Да можеше еден сам да реши се, ќе играше фудбалот ќе се викаше пинг-понг или тенис. Но, ако веќе треба да се определам за поединец, нека биде Меси.
– Од која репрезентација фаворит очекуваш кикс на ова СП?
Кикс очекувам од Германија (која веќе го направи со Јапонија) но и понатаму мислам дека ќе биде најголемо разочарување на СП.
– Од кој аутсајдер репрезентација очекуваш многу на ова СП?
Сите или најголем дел тука на ова прашање ќе одговорат Србија, јас ја номинирам Данска.
– На кој фудбалер да обрниме внимание на ова СП, а не е баш некоја топ ѕвезда?
Немања Радоњиќ од репрезентацијата на Србија.