fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Реми без голови на градското дерби во Поешево

Олд Бојс 0:0 Јени Маале, вака заврши резултатот од градското дерби во Битола. Тешка утакмицата со многу тактизирање и остра игра беше дел од славното градско дерби. На стадионот во село Поешево, Којотите во дербито стартуваа со некаков грч и помлитава игра за разлика од нивните ривали. Првото полувреме му припадна на екипата на Олд Бојс кој со неколку шанси се заканија по голот на Димовски.

Вториот дел од натпреварот екипата на Јени Маале се врати во својот колосек и брзо атакуваше над противничката одбрана. Се создадоја неколку шанси за гол по добро одиграна акција и центрирање по земја од левата страна, но неуспешно да се совлада голманот на Олд Бојс. Главниот судија на натпреварот доделуваше сомнителни жолти картони за екипата на Јени Маале. Исто така неколку контри и остри корнери не беа пресудни за погодок на јенимаалската екипа.

Еден солиден натпревар кој го оправдува епитетот ,,битолско градско дерби” и ако заврши без победник со поделени бодови на двете екипи.

За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Марјан Златевски , лев бек Петар Ристевски и десен бек Бобан Богдановски. Во средината последен за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Боби Думевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Андреј Лозановски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Михајло Вангелов.

Клупата ја сочинуваа голманот Александар Радевски, одбранбените играчи Пеце Василевски, Филип Жиров, Благојче Петревски и Драган Думевски. Играчот за врска Трајче Георгиевски и двата крилни напаѓачи Хајдин Мустафаи и Миле Ташковски.

Искрено другарство, сплотеност и единство го прави посебен и уникатен фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола да биди тоа што е сега ,,НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД КЛУБ”!!!