fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Јени Маале запиша победа над КСК Крклино

Освен победата ништо позитивно не се случи. Некако сите како во грч и хаотично изгледаја по теренот. Судиската тројка беше наклонета кон екипата од Крклино и секој контакт го претвораше во прекршок. Две сто процентни шанси имаше екипата на Јени Маале со излегување очи во очи на Боби Думевски и противничкиот голман, но голманот беше поуспешен и по неколку минути игра во иста ситуација се најде капитенот Никола Пискачев и упати удар кон голот, но Александар Митревски ја допре топката пред самата гол линија незаејќи дека е во офсајд.

Вториот дел му припадна на битолската екипа резулататот го отвори Александар Митревски, потоа како резерва влегува Васко Наумовски и постигнува гол. Екипата на КСК притисна по голот на Радевски и од корнер со директен удар постигнат е погодок за намалување на водство на Јени Маале. За крај на натпреварот Васко Наумовски постигнува уште еден гол и крајниот резултат на натпреварот КСК Крклино и Јени Маале Битола завршува со еден спрема три за екипата на Јени Маале.

За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Радевски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Трајче Георгиевски , лев бек Петар Ристевски и десен бек Пеце Василевски. Во средината последен за врска  Владимир Крстевски, играчи за врска Боби Думевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Андреј Лозановски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Михајло Вангелов.

Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Бобан Богдановски, Благојче Петревски и Драган Думевски и напаѓачот Васко Наумовски.