Фк Победа Ивањевци му украде два бода на Јени Маале
Натпреварот измеѓу екипите на Јени Маале и Победа Ивањевци заврши со еден спрема еден. Иако фаворити “Којотите“ не одиграа на нивно солидно ниво. Уште во првата половина од првото полувреме како да беа отсутни , впрочем екипата од Ивањевци се закани со неколку удари и прекин шанси. Втората половина од првото полувреме Јени Маале се врати со неколку шанси, пробивање од десната страна кој најзаслужен е десниот бек Пеце Василевски и слободен удар на капитенот Никола Пискачев кој заврши покрај дирекот.
Второто полувреме целосно припадна на битолската екипа и покрај нападите и шансите кој ги создаваше, прекрасниот гол од слободен удар од далечина го постигна стоперот Христијан Ристевски. Потоа имаше две стопроцетни шанси за крилото Александар Митревски но неуспеа да го совлада противничкиот голман. Исто така и двата обиди од далечина на стоперот Христијан Ристевски кој едниот заврши во дирекот не го променија резултатот. Казната следуваше по соло акција на десното крило од Победа, кој постигна извореден гол од далечина со лева нога во горниот агол од рамката.
После серија лоши измени во вториот дел од натпреварот и промашени шанси на фаворитот Јени Маале, Победа си заминува со вреден бод од Кукуречани.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Марјан Златевски , десен бек Пеце Василевски и лев бек Бобан Богдановски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска Никола Поповски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Миле Ташковски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Андреј Лозановски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Петар Ристевски, Филип Жиров и Благојче Петревски. Играчот за врска Трајче Георгиевски и двата напаѓачи Хајдин Мустафаи и Михајло Вангелов.
Фудбалскиот клуб Јени Маале слави роденден на дефанзивецот Петар Ристевски.
Ден по ден, 28ми роденден! Годините врват, психата не напушта…