Нерешен исход на натпреварот помеѓу екипите на ЗФк Новаци 2011 и Фк Јени Маале Битола
Натпреварот кој се одигра на убавиот тревник во с.Новаци, помеѓу фудбалскиот клуб Новаци од с.Новаци и фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола, заврши со резултат 1 : 1.
Во еден мошне интересен натревар со многу шанси на двете страни, први заводија домаќините со погодок на искусниот напаѓач од шанса создадаена во шеснаестникот. Потоа “Којотите“ презедоа низа убави акции и додавања во противничкиот шеснаесетник, кој за жал не завршија во противничката мрежа и натпреварот во првото полувреме остана со резулатат 1 : 0 за домашната екипа.
Вториот дел од натпреварот Јени Маале тргна со сите сили кон противничкиот гол и домашната екипа се повлече чекајќи ја својата шанса преку контра напад. Но по влегување во игра, напаѓачот Михајло Вангелов со број 23 на неговиот грб, постигнува гол и резулататот беше израмнет на 1 : 1. Генимаалци ја плетеа силно мрежата, пред голот на Новаци се до 88 минута, кога по повеќе наврати од слободен удар покрај горниот агол, удар од далечина во првото и еден удар од далечина во второто полувреме беа неуспешни, централниот играч за врска Владимир Крстевски со број 69, постигна “пречка гол“ од далечина за водство на натпреварот. Но по три минути од нивното радување, преку нафрлена топка во шеснаестникот искусниот напаѓач на Новаци ја смирува на гради и постигнува гол за конечен резулатат 2:2 и заминување од рака трите бода на “Којотите“.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Оливер Лавуровски, десен бек Бобан Богдановски и лев бек Филип Жиров. Во средината последен играч за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Стефан Стојчевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Кристијан Симиќ и напаѓачи Васко Наумовски и Хајдин Мустафаи.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Пеце Василевски и Петар Ристевски и напаѓачите Андреј Лозановски и Михајло Вангелов.