fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Непредвидлив пораз за „Којотите“ доживеан на тревникот во с.Поешево

Фудбалскиот натпревар кој што се одигра на стадионот во с.Поешево помеѓу екипите на фудбалскиот клуб Поешево од с.Поешево и фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола заврши со победа од 3 : 1 за домашната екипа.

Уште од почетниот свиреж на главниот судија на натпреварот од ? коло во 4-тата Општинска Лига Битола, „Којотите“ беа доминантни во однос на домашната „повозрасна“ екипа. Додавањата на средината од теренот воглавно завршуваат со центрирана топка од бочните страни кон напаѓачите, кој топката беше лесен плен за искусниот некогашен прволигашки голман. „Генималци“ во секој поглед беа надмоќни кон противникот, но тоа не беше доволно за позитивен резулат, напротив во една контра акција на Поешево е досуден пенал за домаќините и водство од 1 : 0. Јени Маале се закануваше со пробиви, удари, „нафрлени топки“ и пред крајот на првото полувреме во акција по десната страна и центрирана топка од Петар Ристевски кон напаѓачот Александар Митревски, тој се извлекува на „петерец“ и „волеј“ го изранмува натпреварот на 1 : 1.

Во вториот дел од натпреварот Јени Маале ја играше истата игра како и во првото полувреме. Поседот на топката беше целосно ориентиран во нозете на битолчани, но залудно без директни закани кон противничкиот гол. Така и се случи „казната“ од Поешево, кој цел натпревар играа дефанзивно чекајќи на контри. Казната означуваше 2 : 1 ново водство на домаќините и нови дополнителни проблеми за Јени Маале. Јени Маале тргнува офанзивно во целост кон голот на домаќините, но немаше посериозна закана. Крајот на натпреварот го означи противникот со уште еден гол за 3 : 1 и го постави конечниот резулатат и заслужено ги освои трите бода.

На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Радевски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Васко Наумовски, десен бек Петар Ристевски и лев бек Оливер Лавуровски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев, зад напаѓачите Андреј Лозановски. Во нападот Кристијан Симиќ и Александар Митревски.

Клупата ја сочинуваа одбранбениот играч Бобан Богдановски, напаѓачите Миле Ташковски и Михајло Вангелов.