Машината наречена "ФК Јени Маале" се издигна од пепелта
Конечно машината наречена “ФК Јени Маале” се издигна од пепелта и со полна пареа му се врати на победите. Преубави услови за игра проследени со прекрасното сончево време кои како да наговестуваше на добра партија на “Којотите”. Покрај сите премрежја и перипетии што се соочуваше во изминатиот период овај состав смогна сили и тоа прекрасно неделно утро беше крунисано со победа на домашната екипа, која од самиот почеток ги “засука” ракавите и со сериозен пристап се настапи и влезе во мечот.
Натпреварот започна со доминација и посед на топка во корист на домашната екипа, и со прецизни додавања од средината протокот на топки кон напаѓачите беше неприкосоновен и со тоа се наговестуваше на водство на домашната екипа. Но како и претходните мечеви “Генималци” и покрај тоа што беа надмоќни на секој дел од теренот, покрај неискористените три шанси кои беа “очи в очи” со голманот, најдобриот стрелец Александар Митревски не успеа да го совлада противничкиот голман. Веднаш потоа следуваше асистенција на Андреј Лозановски со прекрасна топка проследена до Кристијан Симиќ, но противничкиот голман беше побрз и ја отстрани опасноста. И како што обично бидува следуваше казна, каде што противничкото крило со повратна топка кон неговиот напаѓач ја проследи со прецизен удар на првата статива за водство на гостите од 0:1. Очигледен шок поради примениот погодок при крајот на првото полувреме, паузата беше добредојдена за се консолидира домашната екипа и со исто темпо без оглед на резултатот да продолжи со доминацијата.
Така и сè случи неколку минути со неколку кратки додавања следување прекрасна топка до напаѓачот Александар Митревски и ладнокрвно ја смести топката во мрежата за 1:1.
Како што минуваше времето доминацијата растеше, но фалеше само успешна завршница. На средината на второто полувреме беа извршени две замени каде што играчот за врска Андреј Лозановски беше заменет со корпулентниот и физички супериорен напаѓач Михајло Вангелов, другата замена ја сочинуваа искусниот дефанзиец Оливер Лавуровски кои лавовски се бореше и одолеваше на нападите од противничкиот крилен напаѓач и во игра влезе Хајдин Мустафаи со една и единствена задача да ја засили офанзивната линија на домашната екипа.
Темната страна на овој меч беше судиската тројка со неколку крупни грешки на штета на домаќонот. Дрскоста немаше граници каде што после очигледен старт врз Кристијан Симиќ, судијата “слепо” одмавна со раката дека се работи за чист старт, а тоа беше далеку од точно и го видоа и птиците на гранките околу стадионот. Покрај оваа неправда следуваше бурна реакција на нашиот напаѓач и му беше покажан црвен картон.
Кога сте со играч помалце нормално е да ја кренете рачната и да забавите, но не и со “Генималци” каде што “окуражени” и со инаетот што не краси тргнавме во тотална офанзива, гласни за победа која значи излегување од моменталната криза. Тоа и се случи, кога во финишот на мечот беше досуден сосема заслужен пенал за домаќинте. Бобан Думевски беше на висината на задачата и реализираше за 2:1 и победа на ФК Јени Маале.
Конечен резултат ФК Јени Маале 2:1 ФК Трап
За домашната екипа настапуваа на голот феноменалниот Александар Димовски, веднаш пред него сосема на висината на задачата и капитен на таа утакмица Марјан Златевски со Филип Жиров, на бековската позиција Оливер Лавуровски и Бобан. Средината ја сочинуваа стандардниот Боби Думевски, Никола Пискачев и зад напаѓачите Андреј Лозановски.Осамени во нападот Кристијан Симиќ и Александар Митревски. Замени Хајдин Мустафаи и Михајло Вангелов.