Историја на клубот
Којоти
Дваесет и петти август 2009
Вторник, жежок ден но за нас од Јени Маале среќен и радосен, успешно регистрирани во централен регистар во Битола. Конечно Јени Маале го доби својот фудбалски клуб со истото име Јени Маале. Овај клуб е еден вид продолжеток на ФК Јастреб кој е формиран далечната во 1933, после него уште неколку обиди за формирање на фудбалски клуб од оваа маало за по подолга пауза да се формираме и ние.
Добро е што се формиравме, но со што ќе настапуваме зачудено меѓу себе се прашувавме? Па од ваму, од таму тогашната БТВ- кабелска теливизија ни подари дресови домашни и гостински. За нас тие дресови имаат посебно значење, со тие дресови ја покоривме лигата иако тогаш формирани со 99% играчи од маалото кои голем фудбал никогаш не изиграле ги поставивме темелите на успешна екипа која ќе негува искрено другарство и одлична дружба. Ако ме прашувате за дресовите, нас тие ни беа се. Ги носевме неколку сезони па клубот како што растеше добиваше и нова опрема.
Во 2019 покрај јубилејот го имавме и најголемиот спортски успех, освојување на првото место во Општинската Б лига и пласман во Општинската А лига.