Којотите ја одработија улогата на фаворити
Утакмицата ја отвори екипата на фудбалскиот клуб Партизан од Добрушево после 10 мин со гол од корнер кој заврши во мрежата на голманот Димовски. Веднаш потоа екипата на Јени Маале се врати со голот Александар Митревски, но потоа Партизан повторно создаде водство со гол од нафрлена топка. Тоа беше доволно резултатот од првото полувреме да заврши со еден спрема два за водство на екипата од Добрушево.
Второто полувреме Јени Маале покажаја карактер, љубов, емоции и голема желба за победа. ,,Којоти” со енегија како што доликува и Александар Митревски постигнуава уште два погодоци и запишува хет-трик на мечот и најдобар стрелец во битолскиот тим. Пресвртот и победата од три спрема два ја носи екипата на фудбласкиот клуб Јени Маале.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Трајче Георгиевски, десен бек Петар Ристевски и лев бек Пеце Василевски. Во средината последен за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Боби Думевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Андреј Лозановски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Бобан Богдановски, Благојче Петревски и Драган Думевски и напаѓач Михајло Вангелов.
Желба, страст, емоции ,,КОЈОТИ”!!!