Којотите ја завршуваат сезоната со убедлива победа
Последниот натрпевар за фудбалскиот клуб Јени Маале за сезона 2022/2023 година во Супер Лига А, Општина Битола заврши со победа од 4:1 врз екипата на Зфк Новаци 2011. Со оваа победа е обезбеден опстанок на „гинималци“ за следната натпреварувачка сезона во Супер Лига А.
Натпреварот го отвори и направи сензација средишниот играч со број 69 на неговиот дрес, Крстевски Владимир кој постигна хет-трик за битолската екипа. Во 17 минута по асистенција на напаѓачот Васко Наумовски, Владимир со удар од надворешниот дел на шеснаесетникот во спротивниот агол на голот, го запиша својот прв погодок. Вториот погодок левичарот го постигнува во 22 минута по „долгиот аут“ на капитенот Никола Пискачев и асистенција со глава на Александар Митревски. „Којотите“ доминираа целосно во првото полувреме и за крај во 37 минута, Владимир Крстевски го запишува својот хет-трик со прекрасен удар од далечина.
Второто полувреме Јени Маале го изигра како и првото, борбено и клинички точно, но со дополнителни шанси за погодок. Една од многуте шанси за погодок, во 63 минуата ја искористува напаѓачот Васко Наумовски, кој по асистенција на Крстевски ја затресе мрежата на Новаци. Гостинската екипа за намалување на водството постигнува погодок од центрирана топка кој заврши во голот на Јени Маале. „Којотите“ своите шанси за погодок не ги искористија за да го зголемат и онака големото водство, но и гостинската екипа не ги искористи понудените шанси за погодок и натпреварот помеѓу Фк Јени Маале и Зфк Новаци 2011 заврши со 4:1 за домашната екипа. И двете екипи следната сезона ќе се натпреваруваат во Општинската битолска Супер А лига.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Антонио Бошевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и напаѓачи Александар Митревски и Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Петар Ристевски и Филип Жиров. Напаѓачите Миле Ташковски и Хајдин Мустафаи.