„Којотите“ се враќаат на победничките патишта
Фудбалерите на битолскиот фудбалски клуб Јени Маале на еден непредвидлив и врнежлив терен ја победуваат одличната домашната екипа на фудбалскиот клуб Црна Река од село Чарлија со резулатат нула спрема четири. Цврстата игра на средината од теренот и тврдата одбрана во првиот дел од натпреварот беа клучни за водството од три гола за битолската екипа.
Првите две шанси на натпреварот ги имаше домашната екипа Црна Река, кој за среќа на гостите не се претворија во голови. Одличната игра од двете страни продолжи и по корнер прекин во „карамбол“ ситуација средишниот играч Боби Думевски го отвара натпреварот со водство за Јени Маале. По неколку минути игра повторно истата ситуација и истиот играч Боби Думевски поведува со два гола во мрежата на Чарлија. Слободниот прекин од левата страна пред завршетокот на првото полувреме го користи напаѓачот Васко Наумовски со директен удар кон протвничкиот голман постигнува гол и ги испраќа во соблекувална играчите со резулатат од нула спрема три за Јени Маале.
Вториот дел од натрпеварот очекувано домашната екипа со многу центрирани топки, удари и користење на сите сили тргна кон голманот Александар Димовски. Црстата одбрана што е и главна одлика на „Којотите“, не попушти под опсадата од противникот и преку неколку контри од кој нај успешна беше последната на Хајдин Мустафаи што заврши со погодок. Јени Маале со одлична игра и целокупен труд на сите се врати на победничките патишта.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Благојче Петревски и Марјан Златевски, десен бек Филип Жиров и лев бек Антонио Бошевски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и во нападот Васко Наумовски и Александар Митревски.
Клупата ја сочинуваа голманот Александар Радевски, одбранбените играчи Петар Ристевски и Пеце Василевски, напаѓачите Хајдин Мустафаи и Михајло Вангелов.