Којотите одиграа нерешено на гостинскиот терен во Лопатица
Натпреварот помеѓу екипата на Чагор од с.Лопатица и екипата на Јени Маале од Битола заврши со реми 1:1 на теренот во с.Лопатица.
Првото полувреме целосно припадна на гостинската екипа кој атакуваше од сите страни кон домашниот голман. Поседот на топката беше целосно во нозете на „гинималци“. Но тоа не претстави проблем за домашната екипа Чагор кој играше катанаџо и си ја чекаше својата шанса. Најпосле ја доби својата шанса и го отвори резултатот со 1:0. Но брзо возвратија „Којотите“ по одлична одиграна акција, со завршница на напаѓачите, асистенција на Александар Митревски и погодок на Михајло Вангелов.
Вториот дел од натпреварот беше исполнет со шанси за погодок на обете екипи. Топлото време одзеде многу енергија на играчите во теренот и натпреварот заврши со реми 1:1.
На оваа утакмица „гинималци“ укажуваат почит кон еден од основачите на маалскиот клуб Јени Маале, Благојче Петревски – Дугал, за долго годишната посветеност , работа и лојалност кон клубот. „Uno di noi“ во превод што значи „Еден од нас“.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Благојче Петревски и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Антонио Бошевски. Во средината последен играч за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Петар Ристевски и капитенот Никола Пискачев. Десно крилен играч Андреј Лозановски, лево крилен играч Александар Митревски и во нападот Михајло Вангелов.
Клупата ја сочинуваа одбранбениот играч Филип Жиров и напаѓачот Миле Ташковски.