„Којотите“ го „прегазија“ и ја наполнаја мрежата на с.Крклино
Фудбалерите на Јени Маале ја продолжуваат својата авантура на општинските терени. На домашен терен против екипата на с.Крклино со неверојатна партија и со убедливи четири гола во мрежата на противничката екипа, ги декласираа аутсајдерите на табелата. Натпреварот во 29 минута левото крило Хајдин Мустафаи, како „брзата птица итрица“ ги измами противничките одбранбени играчи и го отвори резулататот со еден спрема нула за Јени Маале. Потоа во 39 минута десното крило на битолската екипа, смирениот и ладен голгетер Александар Митревски ја затресе по втор пат мрежата на послабата екипа.
Во второто полувреме незапирливиот напаѓач Васко Наумовски во 67 минута го постигнува третиот гол за Јени Маале, а Хајдин Мустафаи во 78 минута го уништува с.Крклино. Главниот судија „малку се занесе“ и не знаејќи што сака да постигни со своето судење, почна без врска да суди прекршоци и додели незаслужени жолти картони кој најдебелиот крај го извлече играчот за врска Владимир Крстевски во екипата на Јени Маале, покажувајќи црвен картон.
„Којотите“ во секој поглед и целост го надиграа својот противник, повеќе ја имаја топката во своите нозе, беа организирани во одбраната, убиствени во нападот и на фантастичен начин ги искористија своите шанси.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Благојче Петревски и Марјан Златевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Драган Думевски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска капитенот Никола Пискачев и Владимир Крстевски. Лево крилен играч Хајдин Мустафаи, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Благојче Петревски, Филип Жиров, Антонио Бошевски и напаѓачите Михајло Вангелов и Миле Tашковски.