Којотите во Белград
Екипата на ФК Јени Маале пролетниот припремен период го започна со патување во Белград и одигра меѓународен натпревар со екипата на ФК Церовац.
– Како маалски градски клуб секоја година се качуваме едно ниво погоре, многу екипи низ Македонија ни даваат поддршка за ова што го правиме и секој ден добиваме понуди за пријателски натпревари. Со секој одигран натпревар ги освојуваме симпатиите на битолчани како клуб и многу млади момчиња ни се придружуваат и сакат да бидат дел од ова наше скромно семејство. Ние како ФК Јени Маале со гордост ја претставуваме нашата Битола низ Македонија, и надвор од нејзините граници. Иако некои не гледаат како „мали“ ние сме клуб со големи амбиции. Страста и љубовта за фудбалот на овие момци е феномен. Сите заедно го живееме фудбалскиот сон кој започна во маалските улички, почна со скинати патики и стара топка. За сега сите да имаме дресови, копачки, тренерки, фудбалска опрема од соништата, иако сме маалски клуб наликуваме на светски клуб. Другарството, кое е главен симбол на ФК Јени Маале расте и од ден на ден се развива и сето тоа се претвора во успех кој е негуван, поддржуван и најважно од се, секој играч во овој клуб верува во него. Ние сите сме биле мали деца со големи соништа. Вистинска магија е кога детскиот сон ќе стане реалност. А Којотите?! Тие најдобро го знаат тоа! Нашиот клуб е место каде што се остваруваат фудбалските соништа. Во последните години ги освојуваме симпатиите на многу млади деца низ градот, со нови вложувања, опрема, спонзори, што резултира со регрутација на голем број на играчи кои со огромна страст и желба со гордост сакаат да го носат дресот на ФК Јени Маале. Нашиот клуб е синоним за искрена и чиста љубов кон фудбалот, другарство без граници, тим за кој сите дишеме како еден, заедно плачеме на поразите и заедно им се радуваме на победите и сите заедно веруваме во спортскиот ферплеј, а заедништвото е тоа што не прави поразлични од другите клубови.-изјави капитенот Никола Пискачев
-Воспоставивме контакт со нашите пријатели во Република Србија и го одигравме натпреварот на стадионот „Непокорена Младост“ во Смедеревска Паланка пред полна трибина. -изјави Михајло Вангелов
-Интересот за овој натпревар беше многу голем, а тоа го потврдува фактот дека статија за натпреварот имаше и во спортскиот весник „Журнал“ каде што за нас се пишуваа многу пофални зборови. Потоа јас и неколку играчи дадовме интервјуа на светски познатиот спортски медиум Арена 2. Ги освоивме симпатиите на новинарката како екипа и таа беше во неверување за тоа како еден клуб од општинска лига во Македонија може да организира ваков натпревар.-изјави Андреј Лозановски
– Натпреварот заврши 2:0 за домаќините во една фер и коректна игра иако да споменеме ние имавме четири 100% шанси кои не ги реализиравме и за сметка на тоа бевме казнети.-додаде Петар Ристевски
Домаќините заедно со управата на ФК Церовац по натпреварот организираа забава која ќе се памети уште многу години. На таа забава Којотите го добија третото полувреме со 0:5
– Ова ќе остане едно одлично другарство кое ќе трае, во иднина на лето ја чекаме екипата на ФК Церовац, ние како домаќини.-додаде Михајло Вангелов
– Клубот секоја години расти и ја крева летвичката за организација. Следната 2024 ќе биде јубилејна, славиме 15 години од нашето постоење па за тогаш спремаме нешто уште подобро, да не откриваме што нека биде изненадување за нашите фанови.-изјави капитенот Пискачев
За ова патување да се реализира изразуваме огромна благодарност до нашите верни поддржувачи:
Менде Фидановски, Гоце- Реприм, Бале- Вила Виста, Златко -Форматика, Крсте-БВ инжинеринг, Пеце- Македон Бим, Горан Г-Дизајн
Ви Благодариме од срце што верувате во нас.