Кикс на “Којотите“ на самиот старт во новата сезоната
Натпреварот кој се одигра на стадионот во с.Кукуречани, помеѓу фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола и фудбалскиот клуб Горно Оризари од с.Горно Оризари, Битола заврши со резултат 1 : 3 за гостинската екипа.
Уште на почетокот на натпреварот “Којотите“ ја имаа топката во свој посед и по неколку обиди поведоја со гол на напаѓачот Александар Митревски, по одличено центрирана топка од левиот бек Петар Ристевски. Но набргу потоа ,,генималци,, не го издржаја притисокот од гостинската екипа и при прекршок од десната страна близу шеснаесетникот после избиена топка и удар на гостинскиот играч резулататот беше израмнет на 1:1. На теренот се играше рамномерна игра и резултатот во првото полувреме заврши со 1:1.
Вториот дел од натпреварот за Јени Маале беше кобен уште на самиот старт, кој после неколку обиди на гостинската екипа за пробивање на одбраната тоа им успеа и резултатот се промени на 1:2 за гостите. Јени Маале тргна во офанзива со сите сили и после серија закани и обиди за израмнување на резултатот, прими изненадувачки погодок во својата мрежа. “Којотите“ продолжија да напаѓаат но резултатот не се промени, па така со резулатат 1:3 фк Горно Оризари ги однесе трите бода.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Бобан Богдановски и лев бек Петар Ристевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и напаѓачи Александар Митревски и Хајдин Мустафаи.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Пеце Василевски и Филип Жиров и напаѓачот Васко Наумовски.