И оваа година на традиционалната забава ФК Јени Маале од Битола ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
ФК Јени Маале од Битола со традиционално со забава за играчите, стручниот штаб и спонзорите и помагатели на клубот ја заокружи натпреварувачката сезона 2022/2023 година во општинската “А“ лига во фудбал. Оваа забава, како и многуте пред тоа се одржа во ресторанот “Вила Виста“ во Битола.
И овој пат, како е секоја година на крајот на натпреварувачката сезона, избрани најдобрите играчи во различни категории кои добија скромни подароци од клубот и признание за нивниот допринос за изминатата сезона.
Оваа година во списокот на наградени играчи по категории се најдоја: Александар Димовски – најдобар голман, Марјан Златевски – најдобар одбранбен играч, Боби Думевски – најдобар среден играч, Васко Наумовски – најдобар стрелец, Андреј Лозановски – награда за главен и најдобар шоумен на екипата.
МВП играч на сезоната и овојпат беше избран “CHE SOLO UN CAPITANO“ – Никола Пискачев. Заслужено како и сите години претходно. Првенствено за посветеноста и личната “жртва“ што несомнено ја дава за клубот.
ФК Јени Маале не заборави да му се заблагодари со скромни подароци, но со искрено внимание и почит на своите спонзори и помагатели и тоа: “Реприм“, “Форматика“, “ГТ кафе“, “МИГ Травел“, “БВ Имжинеринг“, “СН“, ДООЕЛ “Грујо“, “Вила Виста“ и “Bitola News“.
Во овој дел посебно внимание му беше посветено на Митко Стојковски и Тони Мицевски, кои како македонски фудбалски легенди се дел од приказната ФК. Јени Маале. Митко Стојковски по “природен пат“ бидејќи е роден Генималец и беше и остана доследен во својата помош и поддршка кон клубот, а Тони Мицевски стана дел од екипата како резултат на взаемната долгогодишна почит и соработка.
Оваа година екипата искажа зборови на благодарност и кон Менде Фидановски – Претседател на синдикалната организација на РЕК Битола кој несебично го помогна клубот во неколку наврати за што доби зборови на искрена благодарност.
За забавата како и секоја година се погрижија “Џокер Бенд“. Но, полека како традиција на забавите на Генимаале тука е македонската естрадна ѕвезда Ламбе Лабаковски кој ги поздрави присутните со неколку песни. Ламбе Алабаковски од капитенот на екипата доби подарок во знак на благодарност за неговото учество и поголема јавна промоција на клубот.
Оваа година за прв пат клубот организира инетернет игра, “фантази премиер лига“ и додели награда, дрес од ФК Јени Маале, а неа ја доби за Дамјан Николовски од Битола.