Извореден гол од далечина во режија на Крстевски
И покрај прекрасниот гол со лева нога од далечина во левиот агол “кај што се спојуваат пајажините”, на играчот за врска Владимир Крстевски од екипата на Јени Маале не беше доволно за победа над екипата на Црна Река од село Чарлија. Топката во првото полувреме беше во нозете на екипата од Битола кој примија први гол од корнер по кикс на голманот Димовски. Израмнувачкиот погодок го постигна Боби Думевски со глава по нафрлена топка во шеснасетникот.
Во вториот дел после изворедниот гол на Крстевски кој беше постигнат на почетокот на второто полувреме, во екипата на Јени Маале настапи страшен пад. Настана силен притисок на екипата на Црна Река кој после неколку сто процетни шанси израмни со погодок во мрежата на Димовски.
На самиот крај од натпреварот имаше немил настан во скок дуел на прекин (корнер) се судрија глава со глава левото крило Хајдин и противничкиот стопер кој заврши со отворена рана и крв. За среќа по брзата интервенција на докторите повредата се санира и судијата означи крај на натпреварот.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Благојче Петревски , лев бек Петар Ристевски и десен бек Бобан Богдановски. Во средината последен за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев. Лево крилен играч Андреј Лозановски, десно крилен играч Александар Митревски и во нападот Михајло Вангелов.
Клупата ја сочинуваа голманот Александар Радевски, одбранбените играчи Пеце Василевски, Филип Жиров и Драган Думевски. Играчот за врска Трајче Георгиевски и двата крилни напаѓачи Хајдин Мустафаи и Миле Ташковски.