fkjenimaale.com

JeniMaaleLogo
Официјален сајт на

Фк Јени Маале

Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Add Your Heading Text Here
Битола

Македонија

Macedonian-Flag-1992-1995

Жешкиот шамар на реалноста

Дефинитивно не одигравме онака како што знаевме и умеевме. Во натпреварот влеговме би се осмелил да кажам многу несериозно. Домаќинот ја имаше комплетно топката во свој посед и успеа неколку пати сериозно да се закани, но нашиот чувар помеѓу стативите со прекрасна поставеност и трезвеност успеа да ги сопри налетите на видно мотивираната домашна екипа. Сѐ се сруши како кула од карти после несреќно примениот прв гол. Екипата на чело со капитенот Пискачев брзо се консолидира и по упатениот  „пас во празно“ кон напаѓачот Андреј Лозановски и негов краток слалом успеа да упати „центаршут“ точно на главата на Марјан Златевски за 1:1. Кога мислевме дека конечно ќе проработи генимaалскиот инает со додатен ветер во грб поради изедначувачкиот погодок, домаќинот со ладна глава продолжи да доминира искористувајќи ја нашата неприсутност и досега невидена несериозност од постоењето на овој клуб. 

Во второто полувреме со влегувањето на Хајдин Мустафаи играта доби на страшна динамика, со негови два гола кои за жал само го ублажија поразот. 

Мора да се напомене дека поради црвен картон отсуствуваше моторот на средината Владимир Крстевски, на оваа листа ќе го вброиме, повредениот Александар Митревски и расниот голгетер Васко Наумовски.

На овој натпревар за екипата на Јени Маале настапија на голот Александар Димовски, во одбраната Христијан Ристевски, Благојче Петревски лев бек Петар Ристевски и десен Пеце Василевски. На средината играч за врска Боби Думевски додека пред него место зазедоа Марјан Златевски и дебитант на оваа позиција беше Миле Ташковски. Зад напаѓачите Михајло Вангелов и Андреј Лозановски се наоѓаше и Никола Пискачев.

На клупата беа Хајдин Мустафаи, Филип Жиров.

Сите резултати од изиграните натпревари за коло 14