Екипата на ДОСК подобра во дуелот со Јени Маале
Дефанзивната игра на тренер и играч Никола Пискачев рефлектираше со немоќ на домашната екипа да се приближат до голот на Димовски. Сето тоа траеше се додека не се случи страшната повреда на дефанзивецот Трајче Георгиевски, кој екипата од Долно Оризари го искористи умешно после мешавина во шеснаестникот и спорна ситуација за офсајд да постигни гол. Следуваа две сто процетни шанси за Јени Маале, но за жал „Којотите“ не ги искористија и натпреварот после првото полувреме заврши со еден спрема нула за домашната екипа.
Вториот дел од натпреварот во целост му припадна на домашната екипа. „Којотите“ далеку од очекуваното без жар и без борба со голем пад во нивната игра примија два брзи гола. Резервниот играч Хајдин Мустафаи се закани по противничкиот гол со неколку удари кој завршија покрај рамката на голот но и во голманот. Потоа екипата на ДОСК не искористи две процетни шанси и пред самиот крај голманот на ДОСК со последни сили го одбрани прекрасниот удар на Крстевски од далечина.
Натпреварот заврши со три спрема нула за домашната екипа и трите бода остануваат во Долно Оризари.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Трајче Георгиевски , десен бек Бобан Богдановски и лев бек Петар Ристевски. Во средниот ред последен за врска Владимир Крстевски, играчи за врска Боби Думевски и капитенот Никола Пискачев. Зад напаѓачите Андреј Лозановски и во нападот Миле Ташковски и Александар Митревски.
Клупата ја сочинуваа играчот за врска Димитар Миндевски и двата напаѓачи Хајдин Мустафаи и Михајло Вангелов.
Фудбалскиот клуб Јени Маале му посакува брзо опоравување, закрепнување и враќање на фудбалските терени после тешката повреда на дефанзивецот Трајче Георгиевски.