ДОСК ја прекина победничката серија на Јени Маале
Прекрасниот домашен терен не го искористи екипата од Битола да направи уште едно изненадување во лигата, па така фудбалскиот клуб ДОСК од с.Долно Оризари ја прекина победничката серија на гостински терен со четири спрема нула.
Уште почетокот на првото полувреме двете екипи ги создадоја своите први шанси за погодок. Домашната екипа од прекин а гостинската екипа од игра со удар на гол. ДОСК ја презеде контролата на играта и преку левото крило со соло продор и удар го постигна својот прв погодок. Потоа Јени Маале го презеде поседот на топката, создаде шанса за гол но за жал во деликатна ситуација помошниот арбитар го подигна знаменцето за недозволена ситуација. По грешка на средината од теренот, Јени Маале прими уште еден погодок, за конечен резулатат на полувреме да биди нула спрема два за гостинската екипа.
Второто полувреме целосно припадна на ДОСК и со два погодоци во мрежата на Јени Маале стави крај на натреварот и конечни нула спрема четири.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Благојче Петревски и Христијан Ристевски, десен бек Пеце Василевски и лев бек Петар Ристевски. Во средината играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев и зад напаѓачите Андреј Лозановски. Лево крило Хајдин Мустафаи, десно крил Александар Митревски и во нападот Михајло Вангелов.