Во еден тежок и непредвидлив натпревар Јени Маале издвои победа над Добрушево на домашен терен
Фудбалскиот натпревар кој што се одигра на стадионот во с.Кукуречани помеѓу екипите на фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола и фудбалскиот клуб Партизан од с.Добрушево заврши со победа од 2 : 1 за битолската екипа.
Самиот почеток доаѓаше до израз дека ќе биди тежок натпревар со многу надигрувања. Јени Маале покажа кој е домаќин на натпреварот и на стартот почна да прави притисок кон голот на противникот. Нападите се одвиваа воглавно преку средниот ред до нападот кој имаше неколку заканувачки удари кон противничкиот гол. Два такви удари го обележија првото полувреме за Јени Маале, едниот удар на Христијан Ристевски преку одбиена топка од корнер, а другиот на Васко Наумовски од далечина, кој голманот на Партизан Добрушево вешто ги одбрани и не дозволи да завршат во неговата мрежа.
Вториот дел од натпреварот беше многу повозбудлив од првото полувреме. Натпреварот се отвори во 47-та минута по голот на Кристијан Симиќ со глава од одбиена топка од соло продорот и ударот на Васко Наумовски. Потоа Јени Маале, го „зеде“ поседот на топката во своите нозе и креирајќи одлични шанси се закануваше за дуплирање на своето водство. Тоа и се случи во 70-тата минута, после неуспешниот слободен удар на Владимир Крстевски, топката се одби од „живиот ѕид“, ја прифати Кристијан Симиќ, додаде до Владимир Крстевски, тој ја „нафрла“ топката од левата страна на шеснаестникот и Александар Митревски со глава ја забива во голот на Добрушево. Потоа натпреварот добива друг тек и улогите се менуваат. Добрушево почнува да притиска кон голот на „Којотите“ и тоа им успева по 10 минути, преку центрирана топка од десната страна успеваат да погодат во голот на Димовски. До последниот свиреж на главниот судија, Јени Маале се бранеше и на крајот после тежок и непредвидлив натпревар го сочува водството за краен резулатат од 2 : 1 и носење на трите бода.
На натпреварот за екипата на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната стопери Марјан Златевски и Христијан Ристевски, десен бек Петар Ристевски и лев бек Стефан Стојчевски. Во средината последен играч за врска Боби Думевски, играчи за врска Владимир Крстевски и капитенот Никола Пискачев, зад напаѓачите Андреј Лозановски. Во нападот Кристијан Симиќ и Васко Наумовски.
Клупата ја сочинуваа одбранбените играчи Пеце Василевски и Филип Жиров. Напаѓачите Миле Ташковски, Хајдин Мустафаи, Александар Митревски и Михајло Вангелов.