Висок пораз на битолската екипа
Тежок пораз на фудбалскиот клуб Јени Маале Битола на нивниот домашен стадион во Кукуречани. Високата екипа на Чагор од Лопатица уште во првото полувреме поуспешна во скок дуелите, кој со глава постигнуваат три погодоци. Вториот погодок, левото крило на Чагор беше во недозволена позиција но помошниот судија од страна не го подигна офасајд знаменцето, со тоа се создаде шанса и се постигна гол. Јени Маале има само две шанси во првиот дел, но завршија покрај рамката од голот.
Вториот дел од натпреварот екипата на Јени Маале со намера да притисни и да го намали водството на противничката екипа, прима два брзи погодоци. Највпечатлив беше евро-голот на плејмејкерот на битолската екипа Боби Думевски кој со удар точно од центарот на игралиштето успева да го ,, лобовира ” противничкиот голман. Екипата од Лопатица постигнува уште два погодици еден од пенал и друг од игра, за конечен резултат еден спрема седум.
За тимот на Јени Маале настапуваше на голот Александар Димовски. Во одбраната, стопери Христијан Ристевски и Благојче Петревски , десен бек Пеце Василевски и лев бек Бобан Богдановски. Во средината последен за врска Марјан Златевски, играчи за врска Боби Думевски и Владимир Крстевски. Зад напаѓачите капитенот Никола Пискачев и во нападот Миле Ташковски и Александар Митревски.
Клупата ја сочинуваа одбрабениот играч Филип Жиров и напаѓачот Хајдин Мустафаи.